1 коментар 2 мин. читање 25 септември, 2017

Целосен увид врз вашите податоци, со Ashampoo Disk-Space-Explorer 2018

Со оглед на огромна изложеност на мултимедијални добра, стандарниот корисник често се наоѓа во ситуација да се запраша со какви сè работи е исполнет неговиот хард диск.

Ashampoo Disk-Space-Explorer 2018 го скенира вашиот хард диск и нуди детален приказ за тоа какви фајлови се кријат зад хаубата. Резултатите од таквото нешто можат да бидат прикажани како фајлови, структури или формати. Првата опција ви дозволува дополнително подредување според име, големина или процентуални вредности, втората опција ви дозволува да одберете дали да се прикажат фајлови или фолдери, а третата ги реди дигиталните гости според нивните формати, при што, можете да наместите кои категории, односно екстензии да бидат вклучени во приказот, а кои не.

Како дополнително визуелно помагало, резултатите се прикажуваат во форма на дијаграм или табела за да на прв поглед забележите кои фајлови и фолдери заземаат највеќе простор. Десниот клик ви дозволува директно прегледување или пак бришење на фајлот.

Ashampoo Disk-Space-Explorer 2018 е бесплатен за користење, но потребно е првин да создадете акаунт преку Ashampoo.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top