Сите оние кои се сместуваат во нов дом или пак сакаат да внесат нова свежина во нивните древни соби, би можеле да ги искористат потенцијалите на бесплатната алатка Sweet Home 3D.
Шестата верзија ви дозволува олеснето создавање дводимензионален план на подот, вметнување мебел и 3D интерактивен преглед на резултатите од таквата распределба.

Објектите со кои можете да ги пополнувате вашите соби се поделени во соодветни категории, како бања, спална, кујна и дневна соба, односно светла, скали, врати и прозорци. Дополнителни предмети и мебел е направен од останатите корисници и ви стои на располагање за преземање од официјалниот сајт.

Со Sweet Home 3D, можете да додавате текст за да одбележите или истакнете одредени работи, како и да се движите низ тридимензионалниот простор, да ја разгледувате вашата мајсторска распределба од сите агли, да фотографирате или снимате видео материјали кои подоцна можете да ги покажувате на (не)заинтересираните членови.

Најновата, шеста верзија значително ја надградува комплексноста на софтверската алатка и, меѓу другото, воведува нови начини за манипулација со мебелот. Дополнително, каталогот е значително проширен, а можете и да вметнувате кукли за да видите како луѓето се вклопуваат во собите. На располагање имате 32 и 64 битна верзија на софтверот.
Пријатно декорирање!







