Topvideomk, македонски видео портал

во ИТ.МК

{mosimage}Првиот впечаток кога ќе го постетите Topvideomk.com е доста пријатен. Интересна музика и едноставно видео кое ви ја прикажува идејата зад сајтот „снимајте со вашиот мобилен, креирајте профил, закачете ги видеата“. Доста интересна идеја за мала, фокусирана – македонска публика.

Но не видов ниту едно „домашно“ видео. :( Сајтот е исполнет со видеа од YouTube што ме тера да размислам – Зошто воопшто да одам на Topvideomk? кога истите видеа ги имам на YouTube. Можеби единствено нешто е што сајтот е наменет за македонска публика, така што можеби ќе најдам некој пријател кој има свој канал, група и слично, па ќе можам да ги гледам неговите омилени видеа и да коментираме за истите, постои и опција за Facebook Chat што го прави сајтот и мала друштвена мрежа.

Идејата за сајтот е одлична, посебно што најдов дека постои и опција за стрим т.е пренос во живо (го читнав тоа во „Правила и услови“).
Замислете си што би било кога поп-ѕвездите и останатите популарни лица ќе испраќаат свои видеа на Topvideomk? Најпосетените видеа на сервисот се на K-15. Но за жал многу од видеата закачени таму од македонски пејачи па и од К-15 се со ознака на YouTube.

{mosimage}

Сајтот сепак е млад, беше стартуван пред две недели. Иако многу личи на YouTube сепак идејата „снимајте со мобилен, и закачете на Topvideomk“ е интересна. Пратив е-маил на [email protected] за повеќе информации за иднината на овој сервис но не добив одговот. Потоа проверивме дека сајтот е регистриран од хостинг компанијата Macedonia Gataway чиј сајт е исто така во изградба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk