Tom’s Editor Desktop е корисен прелистувач за слики

Windows оперативните системи доаѓаат со солидни прелистувачи за слики, но нивните капацитети потфрлуваат во моментот кога ќе побарате нешто повеќе од основно прелистување.

Tom’s Editor Desktop е исклучително мала софтверска алатка (1MB) која ви дозволува да ги прегледувате и уредувате вашите фотографии. Програмот не бара инсталација, а е повеќе од способен да се справи со најчесто познатите типови слики. Нема да останете со празни раце и во ситуации кога имате потреба да конвертирате слики од еден во друг формат, како и да скенирате слики или пак да ги отпечатите истите. Алатката чита над 200 формати од слики, а може да сочувува во некој од 70 понудени формати.

Со Tom’s Editor Desktop можете и да правите скриншотови од вашата десктоп површина, а и да добиете информација за тоа колку уникатни бои се искористени во одредена фотографија. За крај, можете да искористите одредени слики и да ги претворите во скринсејвер, односно да ги конвертирате во .scr форматот. Tom’s Editor Desktop не прави чуда во поглед со фотографиите, но она што го прави е исклучително лесно за совладување.

Tom’s Editor Desktop e, всушност, Windows алтернативата на прелистувачката верзија Tom’s Editor. И двете алатки се бесплатни за користење, но далеку од исти во поглед на функционалноста. Со Desktop варијантата, на пример, не можете да уредувате слики така што употребувате најразлични филтри и не можете да користите галерија од илјадници CCO слики. Desktop програмот можеби е пренослив, но работи само во Windows околина, што не е случајот со веб апликацијата која одлично се снаоѓа и во Linux и OSX околината.

Најновата верзија на Tom’s Editor Desktop воведува поддршка за седум нови формати на слики, и ги овозможува претходно-споменатите опции за создавање скринсејвери и правење скриншотови од декстоп, youtube видео или вебсајт.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk