0 коментари 2 мин. читање 29 август, 2018

Тимска работа на проекти со Asana

За многумина, нема ништо потешко од заедничка работа на проекти, правилно организирање на сите засегнати и благовремено информирање за променливите цели, како и крајниот рок за нивно извршување. Независно од тоа дали се работи за мал или голем проект, потребна ви е една алатка која ги опфаќа сите потребни форми за ефикасна комуникација.

Asana е една таква апликација. Ви помага во координирање на секојдневните обврски и на визиуелно-исполнителен начин прикажува што се очекува од секој член од тимот и до кога треба да биде завршено.

Со Asana, лидерот на тимот може да создаде проекти и да додели задачи на останатите членови од тимот. Секој од тимот, пак, може преку одделот My Tasks да создава лични, дополнителни задачи, како и да го коментираат и лајкнуваат процесот на изведбата. Откако некоја задача биде завршена, едноставно кликнување на неа ја заклучува и ја префрлува во одделот со завршени задачи.

За секоја формирана задача, Asana нуди и линк кој можете да го споделите со кого било во или надвор од тимот, сѐ со цел да се овозможи пофлексибилна атмосфера за заеднички допринeс или подобро информирање.

Asana се чини како одлична апликација за комуникација и доделување работни обврски и доколку имате тим до 15 членови, не мора да платите ништо за да ја користите апликацијата на iOS, или Android. За тимови кои бројат повеќе луѓе, потребна е да платите за Premium верзијата.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top