The Necromancer’s Tale: кога приказната е посилна од мечот

The Necromancer’s Tale е готска RPG авантура која ве потопува во мрачен свет на интриги, магија и морални дилеми. Сместена во алтернативна историја во близина на Венеција и Јадранското Море во 1733 година, играта ве става во улога на благородник кој, воден од желбата за знаење и одмазда, навлегува во таинствените и забранети некромантски уметности. Она што набргу откривате е дека се работи за игра во која е вложено многу време, знаење и енергија, со цел да се понуди прекрасно и крајно непредвидливо наративно патување од кое нема да излезете рамнодушни.

Наратив кој маѓепсува

Уште од самиот почеток, прологот ветува невидена и прекрасна авантура. Она што веднаш се истакнува е извонредно напишаната приказна, со внимателно одбрани зборови кои се впечатливо прочитани од искусен актер. Ова, во комбинација со музиката, создава доживување кое наликува на поезија низ ветер, нудејќи прекрасно и надреално искуство. Ретките, но ефектни цртежи со молив одлично го доловуваат тонот на прочитаното, и иако е јасно дека тимот работел со ограничени ресурси, очигледно е дека го извлекле максимумот за да создадат уникатна атмосфера.

По завршувањето на прологот, играта започнува вистински да сјае. Со наратив од над 400.000 рачно напишани зборови и повеќе од 180 NPC карактери, секој со свој рачно нацртан портрет, светот се чувствува жив и комплексен. Ликовите што ги среќавате не се само обични фигури, туку комплексни индивидуи со сопствени убедувања и вредности, што придонесува за тензични и често непредвидливи ситуации.

Изборите навистина значат

Онаму каде што The Necromancer’s Tale брилира е во системот на одлуки и последици. Вашиот напредок зависи од тајност, дипломатија, уцена, принуда и заведување. Секој избор, дури и во навидум неважен дијалог, има тежина. Одлуките директно влијаат на клучни статистики како сила, знаење, анализа и истрага. На пример, за да успеете во одредена акција, како што е блефирање, потребно е да имате доволно инвестирано поени во соодветната вештина.

Клучен елемент е системот поврзан со доверба. Ако довербата на граѓаните во вас падне премногу ниско, вашите можности ќе бидат поограничени. Ако падне уште повеќе, ризикувате да бидете изведени пред суд и обесени, или пак линчувани од разбеснета толпа. Ова додава постојана тензија и ве тера внимателно да размислувате за секој чекор.

Создавање лик и борба

Креирањето на вашиот лик е интегрирано во интерактивна и целосно озвучена позадинска приказна, каде што го дефинирате вашиот пол, раниот живот, вештините и кариерата (воена, дипломатска или академска). Овие избори имаат директно влијание врз наративните опции достапни подоцна во играта.

Кога зборовите ќе потфрлат, играта ве носи во тактички битки засновани на потези. Иако борбениот систем не е премногу комплексен и графиката е едноставна, тој е целосно функционален и нуди одредено ниво на забава. Ова се должи на широкиот спектар на оружја, опрема и ритуали што можете да ги користите, како и на можноста да водите армија од немртви следбеници во битка против природни и натприродни непријатели. Сепак, јасно е дека фокусот на играта е нарацијата, а борбата е тука да ја надополни, а не да ја засени.

The Necromancer’s Tale е триумф на наративното раскажување. Тоа е игра за оние кои уживаат во длабоки приказни, комплексни ликови и свет во кој нивните одлуки носат вистински последици. Со времетраење од 25 до 50 часа, во зависност од тоа колку ќе истражувате, ова е искуство кое долго ќе го паметите. Можеби не е визуелно најимпресивната игра на пазарот, но нејзината душа лежи во мајсторски изработените дијалози, мрачната атмосфера и постојаното чувство на опасност додека чекорите по тенката линија помеѓу моќта и лудилото.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk