0 коментари 1 мин. читање 1 септември, 2020

Напредно исклучување компјутер со OxyBits EasyShutdown

OxyBits EasyShutdown можеби изгледа како целосно нов програм, но всушност е реиздадена верзија на програмот FSEasyShutdown. Независно од ова, алатката е повеќе од одлична за брзо исклучување на компјутерот, рестартирање, заклучување, или одјавување.

По покренување на OxyBits EasyShutdown ќе забележите копче во системската лента. Со десен клик на ново-вдомената икона можете да изберете некоја од горе-споменатите опции. Од истото место, можете да изберете дали акцијата веднаш да стапи на сила или по одреден временски период, нешто што знае да биде корисно доколку не можете да замислите заспивање со исклучен компјутер.

Лев клик на иконата отвора мени преку кое можете да ги подесувате опциите и саканите одложувања. За остварување на вакви цели, OxyBits EasyShutdown ефикасно прекинува и програми кои не реагираат при издавање команди за исклучување.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top