0 коментари 2 мин. читање 17 јануари, 2018

TestDrop Pro е едноставен уред која покажува дали водата е безбедна за пиење

Еден од најкорисните уреди претставени на CES оваа година е TestDrop. Минијатурниот уред може да одреди дали некоја вода е добра за пиење или можеби е загадена.

Уредот секако ќе биде покорисен на локации каде до чиста вода се доаѓа потешко. Секако ќе биде корисен и во случај на природни катстрофи, по кои нема чиста вода.

Уредот безконтактно може да оцени дали водата е загаденa, преку анализирање на електрично поле околу водата. Ниту уредот, ниту некој дополнителен дел не се внесува во водата. Чистата вода за пиење различно влијае на електромагнетното поле, а TestDrop може да го детектира ова. Полето е различно без разлика дали има бактерии, метали или е контаминирана од друг извор.

„Уредот е тестиран од независни експерти и навистина функционира. Веднаш детектира и најмали количини на олово и протеини и тоа со 100 процентна точност“, пишува TechCrunch.

Уредот чини 50 долари, што за дел од локациите каде е потребен можеби е и премногу.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top