Tesla би можелa следната фабрика да ја изгради во Европа. Компанијата е во преговори со Германија и Холандија за отворање на најголемата фабрика во Европа, пренесе Reuters.
Доколку биде постигнат договор со некои од државите, фабриката во Европа ќе произведува автомобили и батерии. Договорите се во рана фаза, но ова не е прв пат да се спомене фабрика на Tesla во Европа. На средината на јуни, основачот на компанијата преку Twitter објави дека Германија е посакуваната дестинација за фабрика.
Germany is a leading choice for Europe. Perhaps on the German-French border makes sense, near the Benelux countries
— Elon Musk (@elonmusk) June 19, 2018
„Во Европа, Германија е водечки избор. Можеби некаде на граница помеѓу Германија и Франција, во близина на Бенелукс“.
Tesla веќе има помал погон во Германија. Компанијата неодамна најави дека ќе гради фабрика и во Кина.
Но, вестите од Tesla не завршија со фабриката. Помалку бизарно, по капите и фрлачот на пламен, следниот „crowdsource“ проект на компанијата се даски за сурфање. Цената на даската e 1 500 долари, а се распродадоа речиси веднаш.








