0 коментари 2 мин. читање 26 февруари, 2018

Tesla отвора канцеларија за истражување и развој во Грција

Гигантот за електрични возила, Tesla, го зголемува своето присуство во Европа. Компанијата своите развојни канцеларии главно ги „држи“ во САД, но има канцеларии и во Германија и Велика Британија.

Веќе неколку недели се појавуваат вести дека Tesla планира да отвори канцеларии во Грција. Компанијата оваа вест ја потврди за порталот Electrek.

„Tesla гради мала развојна канцеларија во Атина која ќе биде составена од високо квалитетен тим инженери. Овој тим е фокусиран исклучиво на истражување и развој, и активности за забрзување на развојот на технологијата за електрични мотори, преку соработка со канцелариите во САД“.

Канцеларијата ќе започне скромно, со 10 инженери. Лидери се Константинос Ласкарис, Константинос Бурчас и Василис Папаниколау. Тојцата се дел од Државниот технички универзитет во Атина и веќе биле дел од тимот на Tesla во Пало Алто.

Отворањето на канцелариите е интересен чекор не само за Грција, туку и за регионот. Tesla најверојатно ќе се обиде да ги собере нинженерите од целиот регион, што ќе биде одлична вест за развојот на технологијата. Сепак, барем во прво време ова би можело значително да го отежни пронаоѓњето на кадар за локалните стартапи кои работат на развој на технологија поврзана со електрични мотори.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top