Во вообичаен ден, Tesla Model S е еден од најбезбедните автомобили,но на лош ден е „опасност на тркала“. По неколку сообраќајни незгоди, во ново видео, може да се види како Tesla Model S целосно гори за 5 минути. За среќа, во несреќата која се случи во Франција, нема жртви, а патниците и возачот на автомобилот навреме се оддалечиле.
Додека возеа, возачот и патниците слушнале силен звук. Возилото ги предупредило патниците, а тие го напуштиле возилото, вели Arstechnica. Најверојатно одговорна за огнот е батерија, која можеби е пробиена во текот на возењето. Tesla има дополнителна заштита на батериите, но овојпат литиум-јонската батерија е пробиена.
„Сѐ беше готово за помалку од една минута. Оган и за помалку од пет минути автомобилот беше потполно уништен.“, вели возачот.
Најверојатно во текот на возењето автомобилот, удрил во пречка и се пробиени заштитата и батеријата. Во најлошо можно сценарио за Tesla, можно е батеријата да експлодира и од преголемо напрегање.







