Мини серијал кој на кратко ја дефинира ИТ терминологијата.

802.11ac е стандард за безжични мрежи каде се овозможуваат брзини за пренос кои се многу повисоки од 802.11n
802.11n е стандард за безжични мрежи каде се овозможуваат високи брзини за пренос на податоци
Add-in – Алатки кои можат да се вметнат во канцеларискиот пакет на Microsoft
Add-on – Екстензија, односно софтвер кој додава повеќе опции во вашиот прелистувач
Benchmarking е споредување продукти со одреден, прифатен стандард
Bios е Basic Input-Output System, односно софтвер вграден во секое PC и поврзан со витални компоненти

Client е компјутерски програм кој се користи да се пристапи до мејловите на корисникот
CPU е Central Processing Unit или фенси име за процесор
DDR4 или double data rate fourth generation е нов и побрз вид на компјутерска меморија
DOCX е форматот кој првенствено се користи од Word 2007 и поновите верзии на алатката на Microsoft за пишување
EPUB е формат за фајлови кој се користи од повеќето популарни читачи на е-книги
Ethernet е стандард кој се употребува за скоро сите жичани компјутерски мрежи
IDE или Integrated Drive Electronics е интерфејс кој се користел да поврзе одредени хард дискови или оптички уреди
Jailbreak е модифицирање на iPhone, iPod или iPad за да се заобиколат рестрикциите кои ги наметнува Apple

Key-logging е кога се користи софтвер кој снима се што некој ќе направи со тастатурата, особено впишување лозинки и други чувствителни податоци
RAID е систем за ефикасно складирање дата и автоматско извршување бек ап на хард дискот на еден компјутер
Metadata е множество од дата која дава информација за еден фајл
MicroSD e мала мемориска картичка која може да биде во SD големина преку користење адаптер.

Quad core се однесува на компјутер кој има четири процесори во еден чип, со што се овозможуваат значително позабрзана оперирање отколку single core компјутерите
SATA е Serial ATA, односно интерфејс кој поврзува модерни хард дискови и оптички дискови со компјутер
SD Card е Secure Digital Card и една од популарните видови на мемориска картичка
SSD е Solid – state drive или простор за складирање кој се разликува од хард дискот по тоа што, меѓу другото, нема движечки делови
ZIP фајл е фајл во кој се наоѓаат компресирани фајлови, со цел да се добие на простор







