0 коментари 2 мин. читање 7 април, 2016

Термин.мк наскоро ќе стартува и во Србија

Mакедонскиот сервис Termin.mk, кој овозможува проверка и закажување на слободни термини на локации за свадби, игротеки, и конференциски сали, по две години во Македонија ќе започне со работа и во Србија.

Сервисот на корисниците им овозможува да заштедат време така што функционира како агрегатори на локации каде може да се најде слободно место и да се закаже термин. „Во областа Игротека и Свадба не се прават резервации преку нас, туку се праќа електронско барање за слободен термин. Самата резервација се врши во локацијата. Со тоа што им даваме на корисниците бенефиции доколку пратат електронско барање за термин, и притоа го резервираат терминот, да добијат попусти поврзани со денот на свадбата, односно роденденот“, вели Филип Стефановски, основач на Termin.mk.

Тој вели дека преку сајтот до сега се резервирани по 300 локации за свадби и игротеки. Најавена е и мобилна апликација, и истата наскоро ќе биде лансирана за Android и iOS корисниците.

Uskoro > > > www.termin.rs #terminrs #comingsoon

Posted by Termin.rs on Wednesday, 30 March 2016

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top