Telltale Games отпушти четвртина од нивната работна сила

во Вести

Ова е исклучително тешка недела за инди сцената. Првин, се затвори студиото Runic Games, најдобро познато по Torchlight игрите, a потоа и Motiga, студиото зад подеднакво-креативната Gigantic. Сега, лошата среќа се шири и помеѓу студиото кое е заслужно за авантурите како The Walking Dead, Tales from the Borderlands и Game of Thrones.

Според извештајот на Gamesindustry, студиото било принудено да ја намали работната сила и да отпушти 90 вработени како би можеле да го остварат нивниот „план за работа на помалку, но подобри игри со помал тим“

Извршниот директот од Telltale, Пит Холи, искажа огромна почит за сите талентирани уметници и писатели кои ја имаат направено компанијата она што е, но и побрза да објасни дека отпуштањата, кои ја сведоа компанијата на 300 вработени, никако нема да влијае на квалитетот и посветата на идните игри.

Telltale Games само што ја исфрли последната епизода за Guardians of the Galaxy – The Telltale Series. Во меѓувреме, фановите ја очекуваат последната епизода за Minecraft: Story Mode – Season 2, како и третата епизода за Batman: The Enemy Within. Конзолските браќа, пак, на 5.декември ќе ја добијат целата колекција од The Walking Dead игрите.

Во 2018 година, се очекува последната сезона за The Walking Dead, како и вторите сезони за The Wolf Among Us и Game of Thrones.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments