1 коментар 1 мин. читање

Околу 3.000 возила кои „зборуваат помеѓу себе“ ги поминаа првите тестови

Стотици возила опремени со уреди за меѓусебна комуникација возат по улиците на Ен Арбор, Мичиген. Станува збор за тест фаза на уреди кои кога се поставуваат во возилото ги предупредуваат возачите за опасност во сообраќајот на местата кои се тешко забележливи за возачите. Според податоците кои ги сподели владата на САД, дури 80 проценти од сообраќајните незгоди не се поврзани со конзумирање на алкохол, па токму во овие случаи уредот ќе биде од огромна корист.

„Комуникаторите“ со кои се опремени возилата ќе ги предупредат возачите во случај на oпасност дека ќе дојде до судар со друго возило на раскрсници каде што има пречки во прегледноста, кога друго возило менува лента во нивната „мртва точка“, опасност од судар со возило во задниот дел бидејќи возилото пред него нагло застанало.

Покрај поддршка од властите, проектот е подржан и од голем број автомобилски компании кои ги обезбедија возилата за ова испитување. Помеѓу подржувачите се Ford, General Motors, Honda, Hyundai, Mercedes-Benz, Nissan, Toyota и Volkswagen.

Конкурентни технологии на оваа испитуваат повеќе компании, Bosch тестира ултрасоничен сензор, а Nissan испитува радар кој се монтира на возилата. Сигурно дека имплементирање на било кој од овие системи ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот, останува да видиме кој ќе излезе како победник, но и да се надеваме дека тоа ќе биде уредот кој навистина нуди најголема безбедност.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top