Џејсон Барнс e тапанар кој пред две години при незгода го загуби долниот дел од десната рака. Сега, благодарение на технологијата, тој има нова протетична рака која му овoзможува сонот од детството, повторно да свири.
Слично како Life Hand 2, така и г.Барнс управува со својата роботска рака преку мускулите кои се наоѓаат во горниот дел, па со нивна контракција и релаксирање дава команди до моторите кои ги придвижуваат палките. На протетична рака се монтирани две палки, од кои едната ги следи командите на корисникот; а другата, која се контролира преку сопствен мотор, „импровизира“. Раката преку микрофон ги добива податоците, на пример за темпото, од свирењето на г. Барнс и останатите музичари, а алгоритамот одлучува како најдобро да се дополни песната.
„Навистина е фантастично. Доколку функционира и се докаже како покорисна од сегашната протеза ќе ја користам постојано“, изјави г. Барнс за New Scientist.
[youtube]5nqKO9Na3tI[/youtube]







