Tails of Iron 2: Whiskers of Winter: одлично продолжение во souls like сагата со стаорци

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на souls like игри
  •  Огромен, уникатен свет и посебна можност за уредување и надградување населба
  •  Забавен борбен систем со ладни оружја, магии и замки

Во 2021 година, првата Tails of Iron нуди задоволителна комбинација од RPG акција и Souls-like. Мрачната приказна мајсторски се испреплетува со предизвикувачки битки во впечатлив свет, извлекувајќи скоро 90% позитивни рецензии на Steam. Овој успех кажува на малото студио дека се на прав пат и дека имаат добитна формула во рацете. По неколку години макотрпна работа, Tails of Iron 2: Whiskers of Winter, конечно излегува, нудејќи еволутивно проширување на сите механики кои ја прават првата игра одлична.

Одлична надградба

Три работи инстантно се истакнуваат во Tails of Iron 2: Whiskers of Winter: впечатливата, мрачна приказна, преубавата рачно нацртана графика и рапавиот, хипнотизирачки глас на нараторот.

„Стаорците од југот“ си ги лижат раните по војната против Жабите, но не можат премногу да уживаат во победата. На север се појавува нова закана – мрачни суштества со непресушна жед за крв и одмазда. Вие играте со Арло, наследник на Warden of the Wastes. По исклучително немил настан, принудени сте да започнете ваша лична мисија против Dark Wings. Патувајќи низ снежните земји, ќе ловите ѕверови, ќе обединувате кланови и ќе ја надградувате вашата населба, откривајќи, притоа, мрачна тајна.

Даг Кокл е познат гласовен глумец, најпознат по улогата на Гералт од Ривија во популарната видео игра серија The Witcher. Неговиот препознатлив глас вдахнува целосно нова димензија во ToI2 така што внимателно ги раскажува дејствата кои се одигруваат пред вашите очи. Нарацијата е толку добро вклопена со истражувањето и битките да секојпат кога го слушнавме гласот на Даг, се наоѓавме себеси како се поднаместуваме во столчето и внимателно ги голтаме сите негови зборови. Приказната е одлично напишана, двојно подобра благодарение на талентите на овој реномиран гласовен глумец.

Арло е исклучително снаодлив стаорец кој може да избегнува напади преку тркалање, да блокира удари со штит, или да користи различни оружја и засилувачи. Играта нуди можност за изработка на голем број оружја кои можат да се надградуваат. Можете да изберете стил на борба кој ви одговара – брзи напади со копје, лични напади со боздоган, или пак напади од далечина со лак и стрела. Дополнително, можете да стекнете тактичка предност со користење на разни смртоносни стапици. Битките се задоволителни, принудувајќи ве констнатно да сте на штрек и да користите брзи рефлекси и стратегии за да ги надмудрите противниците.

Често се охрабрува блокирање во последниот момент пред ударот и комбо возвраќање. На овој начин, авторите се имаат погрижено секоја битка да понуди силен непредвидлив момент каде победата е правопроционална со вештината. Ако една работа научите на почетокот, тоа е дека умирањето е лесно во Tails of Iron 2: Whiskers of Winter. И ние бевме сосема во ред со тоа, особено кога конечно ќе успеевме да победиме бос кој претходно не имаше доведено до скубење коса. Битките се какo еден комплексен танц кој, на почетокот, го почнувате со две леви чевли, принудувајќи ве трпеливо да се прилагодувате и да го извлечете максимумот од моментната ситуација.

Ударите имаат задоволителна тежина, а камерата тактички се приближува и оддалечува за поефикасно вовлекување во агресивната акција. Покрај стандардните ладни оружја, ќе можете и да поставувате замки кои вршат оштетување со различни елементи (електично, ледено, огнено и слично). За да добиете пристап до подобри предмети од ковачницата, повкусна храна од кујната, поголем избор на стапици од продавницата и слично, ќе мора да ги засукате ракавите и да бидете добар домаќин. Имено, покрај истражување и битки, ќе треба да градите и надградувате ваша населба. Особено ни се допаѓа овој концепт, радувајќи не на секоје навраќање во населбата и креативно користење на заработеното злато.

Сите оружја, опрема и магии се одликуваат со статистички вредности кои нудат одредени офанзивни и дефанзивни предности. Засилувачите, од друга страна, нудат привремени предности, како поефикасни напади со оружјата. Елементалните предности на замките се пропратна механика и при користење  магии, експлотирајќи ги слабостите на непријателите со струја, отров, оган и мраз. Овие божествени моќи можат да ви дадат огромна предност во битките и нагло да ја свртат ситуацијата во ваша корист.

Играта нуди возбудливо искуство со лов на чудовишта, динамичен борбен систем, управување со населба и моќна магија. Со разновидните оружја, стапици и магии, секој играч ќе може да го најде својот стил на игра и да се соочи со предизвиците на Северните земји.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Odd Bug Studio
  • Издава: United Label
  • Жанр: акциона RPG
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на:  28 јануари 2025

Оценка

  • Вкупна оценка: 9
  • Приказна: 9
  • Гејмплеј: 9
  • Графика: 9
  • Звук и музика: 10

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk