1
SEAT
SEAT (Search Engine Assessment Tool) претставува PERL алатка, изработена од страна на Питер Качергински (Peter Kacherginsky), која се користи за "копање" информации и е посебно направена за потребите на сигурносните професионалци. Алатката ги користи информациите складирани во базите на податоци на интернет пребарувачите како и уште неколку јавни ресурси, која со помош на тие информации извршува скенирање на некоја веб страна за потенцијални ранливости. Изобилува со multi-thread, multi-database и multi-search-engine способности, со што имаме лесна навигација низ брдо информации, со цел, проценка на сигурноста на системот.