1
Следете ги само пријателите со кои најмногу комуницирате на Facebook
Повеќето имаат голем број на пријатели на Facebook за кои и не сакаат да добиваат информации постојано, но и не сакаат да ги отстранат од листата. Затоа Facebook овозможи опција за филтрирање на пријателите кои сакаме и не сакаме да ги читаме. Опцијата ќе ги скрати информациите кои ги добивате на News Feed страната, со што ќе ги истакне тие пораки според активноста на пријателите со кои најмоногу комуницирате.