1
Microsoft влезе во рингот со Bing
Со својот нов пребарувач Bing, претходно познат како Kumu, Microsoft се вмеша во борбата на пребарувачите. Сега Google навистина има добра конкуренција и редно време беше. За една недела се објавија два пребарувачи носат нешто ново во пребарувањетo. Yahoo веќе не е конкурентен, но Wolfram|Alpha и Bing носат нови не-Google избори и начини на пребарување. Од друга страна ова ќе го предизвика Google и тие да размислуваат поинаку и да најдат нови идеи за својот пребарувачот. Во секој случај секоја конкуренција е добра, бидејќи на крај корисникот ќе го добие најдоброто.