1
Стартува тест верзијата на Soc.io, Android продавница на Seavus
Seavus ја стартува тест верзијата на Soc.io, продавница за Android апликации. Продавницата или „трговски центар“ се состои од апликации за Аndroid, е-книги и наскоро музика. Продавницата е поделена во два дела, еден дел е за индивидуалните развивачи, а другиот е за партнерите кои ќе можат да си брендираат цели страни, асоцирајќи на наредените продавници во виртуелен трговски центар.