0 коментари 2 мин. читање 10 јули, 2018

Светот се менува, атлантската флота сега ќе чува кабли

Британија и САД ги враќаат своите флоти во северниот дел на Атлантскиот океан, јави Sky. Непријателот повторно е истиот, руската флота, но овој пат наместо конвои, флотите ќе ги штитат комуникациските кабли.

Иницијативата на Британија доаѓа нешто подоцна откако САД најави дека ја враќа Втората флота во Атланскиот океан. Потегот на двата сојузници доаѓа откако e забележена зголемена руска активност во северниот дел на океанот.

Со оглед на тоа дека 97% од светската комуникација се одвива по оптички кабли на дното на океанот, ова и не е изненадување. Секое прекинување на овие кабли ќе предизвика огромна штета. Но, можеби опасноста од пресретнување на комуникациите e и поголема.

„Свесни сме за можностите на Русија да ги детектира и да ги обработува овие кабли. Секако ова го прават во многу тешки услови на многу голема длабочина“, вели адмиралот Сер Филип Џонс.

Можеби она што е променето е локацијата на овие податоци, но оној што ги има информациите секако е во предност.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top