Сурфајте со The Classic Browser

Оние кои се долгогодишни зависници од интернет непријатно се присетуваат на деновите кога веб страните ниту беа естетски привлечни, ниту пак се вчитуваа брзо. Шансите да се присетите на таквите стари, добри времиња се исклучително високи доколку го користите The Classic Browser. 

Овој прелистувач остава ретро впечаток со секоја помината минута со него, а под полето за пребарување прикажува 24 енџини за пребарување. За некои од нив никогаш не сте слушнале, за други не ни помислувате да ги користите, но сепак се тука да ве потсетуваат за причината поради која Google и понатаму е на врвот.

Тимот зад The Classic Browser верува дека нивниот прелистувач е замислен ги истакне вашите омилени работи на вистински начин и да не ве оптеретува со тоа што мисли Google, што нуди Microsoft или пак какви им се (скриените) намери на останатите корпорации. Дополнително, прелистувачот користи dynamic cache-less rendering за побрзо и побезбедно сурфање затоа што, според тимот, не се зачувуваат копии од страните на хард дискот. Дополнително, тие тврдат дека нивниот прелистувач е отпорен на штетни скрипти, а почетната страна никако не може да биде менувана од трети лица. Интересно е и тоа што The Classic Browser се прикажува како еден од најефикасните прелистувачи за блокирање најразлични огласи затоа што тесно соработува со Windows HOSTS фајлот.

Во случај да сте барале малку поразличен прелистувач, можеби не е лошо да го проверите The Classic Browser.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] најде помала група на Opera или Edge поклоници, како и Brave, The Classic Browser или можеби […]