Иницијативата SupportKocani од технички и организациски аспект

На 16-ти март оваа година се случи најголемата трагедија во поновата македонска историја. Во кочанската дискотека ,,Пулс” 62 млади лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени. Сцените во Кочани беа како од хорор филм, буквално немаше некој кој што не беше погоден од овој страотен пожар.

Четири дена подоцна на 20-ти мај, денот на погребите на починатите млади лица беше веројатно најтешкиот ден во историјата за Кочани.

На овој ден, група од 30-тина млади луѓе спонтанто ја започнаа иницијативата SupportKocani со цел да им помогнат на своите другари и сограѓани кои во тој момент беа во критична состојба низ болниците во регионот и пошироко во Европа.

Во првите денови после трагедијата повредените беа испраќани на болничко лекување во странски болници и финансиски средства беа потребни во најбрз можен рок. Паралелно на ова Црвен Крст собираше средства за погодените во кочанската несреќа. Проблемот беше во бирократијата, односно повредените веќе беа низ странските болници, Црвен Крст имаше собрано голема сума на средства, но тие не беа распределени на оние на кои им беа најпотребно во тој момент.

Другиот проблем беше хаосот од трансакциски сметки на социјалните мрежи, а меѓу вистинските трансакциски сметки, се појавуваа и лажни трансакциски сметки.

Решението беше веб-страница на која ќе ги има податоци за сите повредени, починати и трансакциски сметки од член од нивната фамилија.

На овој начин, трансакциите се извршуваа целосно преку банка, а донациите стигнуваа директно на сметка на член од фамилијата на повредениот. Транакциите стигнуваа веднаш доколку се во иста банка, или следниот ден доколку банката на донаторот е различна со онаа на повреденото лице. Додека пак, трансакциите од странство се процесираа за неколку дена. На овој начин бирократските лавиринти и банкарските провизиите беа сведени на минимум.

Покрај ефикасните трансакции, сите информации на веб-страницата беа точни и претходно проверени од волонтерите на SupportKocani, со ова веќе немаше можност некој да ја злоупотреби ситуацијата и да добие пари на своја трансакциска сметка.

Покрај веб-страницата, SupportKocani креираше и профили на социјалните мрежи, преку кои се објавуваа моменталните информации и се комуницираше со јавноста.

Во најтешките моменти за Кочани, градот остана без градоначалник, а немаше ниту формирано кризен штаб на локално ниво.

Во тие ужасни моменити, само-организираните млади волонтери од SupportKocani беа единственото тело кое што ги координираше и сѐ уште ги координира сите активности поврзани со опоравувањето од трагедијата на локално ниво.

После поминати три месеци, износот на финансиски средства донирани преку платформата на SupportKocani изнесува околу 600.000 евра. Покрај финансиските средства, преку SupportKocani беа донирани медицински помагала во кочанската болница, се организираа сесии со психолог, хуманитарна изложба и многу други активности.

Извештај за донации до 05.06.2025

Групата на волонтери ја сочинуваа млади лица со различни вештини, па така IT.mk разговараше со тројца волонтери кои што се дел од ИТ тимот на SupportKocani.

Како тие го опишуваат SupportKocani, колку различни тимови има во SupportKocani, што е искористено од технички аспект и многу други детали.

Се започна на најтажниот ден – денот на погребите. Кога го видов повикот за волонтери на Иван и Ненад, веднаш им се јавив и отидов. Кога отидов имаше веќе 10-тина волонтери и сите помагаа највеќе што можат, во следните часови бројот се постојано зголемуваше. Дарко веќе ја имаше првата верзија на веб странта која беше основна HTML табела каде беа прикажани сите информации, направивме брза координација како да продолжиме и почнавме да работиме на надградување на веб странаата, за во следните неколку часа да имаме неколку нови верзии со кои им олеснивме на луѓето да можат полесно да донираат.

Секој што помагаше сакаше да придонесе колку што може повеќе. Самата организација и тимовите се створија сами по себе, секој сам се пронаоѓаше каде највеќе може. Така се родија тимовите Call Center, Data Entry и IT.

Call centar тимот беа во првата борбена линија, тие ги контактираа сите фамилии за да добиеме информации и бараа согласност за да бидат податоците објавени. Тие ја завршија најголемата работа, без нив ова немаше да биде возможно.

Data Entry тимот беа задолжени за внесување на податоците што доаѓаа од Call Centar-от и да се осигураат дека ги имаме сите потребни и коректни податоци.

Во IT тимот работата не ни беше само да ја изградиме веб страната, туку и да ги поедноставиме сите процеси и да си ја олесниме работата.

Во првите неколку часа, а и во следните неколку часа донациите пристигнуваа постојано, толку постојано што не можевме рачно да ги процесираме сите. Веќе знаевме дека ќе мора да го автоматизираме процесирањето со помош на вештачка интелигенција. Така ја додадовме функционалноста за прикачување на слики на нашиот веб сајт.

Бидејќи сликите што беа прикачувани ги чувавме на AWS, наједноставно беше да пролжиме да градиме во таа насока.

Најпрво пробавме да ги процесираме сликите со помош на OCR модел, каде ја вадевме соддржината од сликата и со помош на Regular Expressions ја пронаоѓавме сметката на која е донирано и сумата која е донирана. Процесот на имплементација беше брз и лесен, но проблемот што го имавме со овој пристап беше различноста во сликите и не секогаш успевавме да ѓи извадиме коректните податоци. Затоа решивме да пробаме со друг пристап, да користиме Large Language Model. Исто и овде процесот беше прилично сличен, му даваме promp на моделот и ја прикачуваме сликата. Со овој пристап имавме поголема точност но се случуваше да имаме халицинации на моделот, каде што или ни давеше не целосни податоци или пак податоци кои не постојат. Следно што пробавме беше хибриден пристап, каде што ги комбиниравме првите два пристапи. Прво, со помош на OCR ја вадиме соддржината од сликата, потоа таа соддржина ја праќеме до Large Language Model и вака успеавме да дојдеме до точност од 90%.

Со помош на веб сајтот што го изградивме, до сега се собрани и автоматски процесирани повеќе од 600.000 евра во директни донации на фамилиите. Посетите на веб сајтот се исто во голема бројка, до сега имаме повеќе од 400.000 уникатни посети кои имаат дојдено од 126 држави.

– Ненад Ристов, софтверски инженер и волонтер во SupportKocani

Дарко објасни повеќе технички детали во Front-end делот на платформата, во продолжение деталите од разговорот.

Мојата експертиза и знаења се во градење веб апликации, а токму тоа и беше потребно во периодот кој следеше откако почнаа да се бараат донации за повредените.

Врз основа на моето досегашно искуство, предложив да користиме одреден збир на техенологии кои ги користам во продукциска средина подолго време и кои се веќе докажани како добар избор за градење интерактивни апликации со динамична содржина.

За изградба на фронтенд делот користевме React како и дел од збирката библиотеки на Tanstack како на пример Query за читање и мутации на податоци од база, Router за навигацијата, Start за серверско рендерирање кое е супер за SEO. На крај страницата беше пуштена во продукција користејки ги сервисите на Cloudflare. Прилично модерна збирка алатки и сервиси кои ни овозможија брз и квалитетен развој на целата иницијатива.

Ваквите одлуки не ставија во позиција со минимални трошоци, а со максимална ефективност да вршиме измени и тие да стигнат до крајните посетители за брзо време.

Среќен сум што остатокот од волонтерскиот тим се согласија да ја градиме страницата со алатките кои ги предложив, по што се покажа дека сме го направиле правилниот избор. Би сакал да напоменам и дека сум презадоволен од работата и способностите на сите кои учествуваа во техничката изведба на цела платформа – луѓе кои до тогаш немаа искуство со предложениот стак, и со краток курс од само 5 минути (буквално) почнаа да пуштаат функционалности во продукција!

– Дарко Ефремов, софтверски инженер и волонтер во SupportKocani

По јавниот повик за волонтери веднаш се приклучив на тимот во Супорт Кочани. Уште од самиот почеток, динамиката, солидарноста и енергијата што се создаде таму ми помогнаа лично да го пребродам овој тежок период – ова место беше и остана безбедна зона за многумина од нас.

Неочекувано наидовме на огромна поддршка и многу донации, па така самиот процес во првите денови личеше на хакатон. Само неколку часа по стартот, веќе имавме активна веб страна, а потоа постепено пуштавме нови верзии со подобрени функционалности за полесна пристапност и транспарентен увид во податоците.


Мојот фокус беше насочен кон фронтенд делот на веб страната, каде заедно со тимот работевме на приказ, филтрирање и сортирање на податоците за донации. Со оглед на итноста и чувствителноста на ситуацијата, се координиравме брзо, донесувавме одлуки и ги имплементиравме адхок, водејќи се од заедничката цел – да помогнеме колку што можеме, што побрзо.


Продолживме да развиваме нови функционалности како делот за хуманитарни настани, преку кои се организираат активности за прибирање средства што директно се донираат преку Супорт Кочани. Сите волонтери, без исклучок, вложуваат огромен труд и срце во оваа иницијатива, и токму тоа ја прави оваа заедница толку силна и посебна.

Анета Арсова, софтверски инженер и волонтер во SupportKocani

По три месеци од трагедијата, SupportKocani продолжува да функционира како граѓанско здружение кое им помага на погодените од трагичниот пожар во дискотеката ,,Пулс”.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk