Во време кога сите се релативно загрижени за последиците од коронавирусот, многу сомнителни организации го експлоатираат стравот и се богатат набрзина.
Низ светот се отвораат најразлични сајтови. Некои од нив се продавници кои имаат на лагер бројни средства кои тешко се наоѓаат, како сретства за дезинфекција, тоалет хартија, маски и слично. Други сајтови се прикажуваат како дел од добротворни организации и бараат донирање финансиски сретства кои подоцна ќе бидат искористени за олеснување на последиците од кризата. Потоа, се праќаат неброени и-мејлови со кратки објаснувања и линкови кои водат до овие сајтови. Луѓето ќе купат некоја критично-потребна намирница, но нема никогаш да ја добијат.

Action Fraud објасни дека стотици и стотици обиди за ваква измами, поврзани со COVID-19, се регистрирани за само еден месец. Најголемиот број од измамите биле поврзани со продавници кои нуделе средства за дезинфекција и маски за лице, но по извршената нарачка, купувачите наишле на апсолутна тишина од продавницата. Некои мејлови се претставуваат дека се до СЗО или некоја друга здраствена организација и нудат најразлични информации поврзани за степенот на инфекцијата во областа на примателот. Потоа бараат или детали за Bitcoin акаунтот на примателот или директна Bitcoin наплата за одредена услуга, односно донација. Безбедносната фирма Barracuda, пак, се изјасни дека наишле на пораст од 667% повеќе фишинг мејлови кои го злоупотребуваат стравот за пандемијата.

За правилно справување со ваквата експлоатација би можело да се земат во предвид следниве неколку работи:
- Размислете пред да кликнете на некој линк. Обично, печатни или граматички грешки укажуваат кон сомнителен сајт.
- Имајте инсталирано и ажурирано антивирусно решение. Помага доколку кликнете на некој малициозен линк.
- Предупредете ги помалку искусните лица да внимаваат за вакви работи и да ги земаат во предвид првите две работи
- Пред да направите каква било нарачка, проверете дали е сајтот безбеден, каква историја има и што мислат останатите корисници за него.
- Доколку сакате информации за COVID-19, не ги барајте во и-мејлови туку на официјални веб сајтови како NHS Coronavirus. Избегнувајте лажни вести.