Steam ќе добие значителни UX/UI промени наскоро

во Веб, гејминг

Популарната гејмерска платформа и продавница за игри, Steam, ќе доживее значително разубавување. Според приватната група на Steam, која е само за развивачите, а некако се прошири и до целата јавност, предната страна на Steam ќе користи поголеми слики на одредени места. Исто така, левиот столб за навигација ќе се прошири со нови категории како нови продукти, најпродавани, штотуку апдејтувани, идни игри и зделки.

При логирање, самиот столб автоматски ќе се расчленува и ќе прикажува наслови кои се популарни кај вашите пријатели, како и препораки од следените куратори. Тop sellers new releases ќе биде уште една нова област и ќе прикажува нови игри кои станале најпродавани.

Сегашниот интерфејс на Steam

Сегашниот интерфејс на Steam

Самите корисници ќе имаат поголема слобода во игрите кои се листаат на предната страна. Имено, со новите промени ќе можете да дефинирате какви продукти да ви се прикажуваат, односно дали да гледате игри од ран пристап, програми, видеа и филмови, VR (Virtual Reality) и слично. Со ваквото нешто, персонализацијата на предната страна станува полична и целосно прилагодлива според вашите интереси. Кога сме кај ова, со излегувањето на ваквите промени ќе биде променета и видливоста на новите игри и таквите ќе се прикажуваат преку областа New on Steam. Постарите игри кои постојано се појавуваа на предната страна поради најновите апдејти, сега ќе се прикажуваат само на заинтересираните купувачи, односно играчи кои ја поседуваат играта, ја имаат на wishlist или играат игри од сличен жанр.

Програмата за кураторство исто така ќе се прошири и ќе им овозможи на кураторите да ги одбележуваат нивните постови како препораки или само како информативни, а како последица од тоа алгоритмите на Steam ќе реагираат со прикажување соодветни содржини на предната страна. Корисниците, пак, ќе можат да гледаат предлози само од кураторите кои ги следат. Најновите препораки ќе бидат прикажувани на главната страна преку новата област, а за сите стари препораки, ќе имаме на располагање специјализирана  потстрана.

Сите промени би требало да излезат за неколку недели. Ние претпоставуваме дека таквото нешто би можело да се случи во втората половина од октомври, пред Halloween распродажбата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments