Статуи од Асанж, Менинг и Сноуден се поставени во Берлин

во Свет

Споменици на тројцата активисти кои се обидува да го информираат светот за тајните на властите, Жулијен Асанж, Челси Менинг и Едвард Сноуден, се поставени во Берлин. Името на скулптурата чии автор е Италијанецот, Давид Дормино, е „Anything to say?“ (Имате ли нешто да кажете?) и на неа во реална големина се претставени тројцата објавувачи на доверливи документи.

Асанж, Сноуден и Мемнинг се „прославија“ по објавувањето на податоци од американските разузнавачки служби. Против сите се води судски процес, но огромен дел од луѓето на нив гледаат како на херои кои ја објавуваа вистината. Давид Дормино вели дека сака да ги овековечи „овие херои на денешницата кои ја изгубија сопствената слобода поради вистина.“, но и да да бидат потсетник за тоа „колку е важно да ја знаеме вистината, но и да се има храброст да се знае вистината.“, пренесува Euronews.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk