0 коментари 2 мин. читање 6 мај, 2015

Музичкиот сервис Grooveshark се врати од мртвите

Сервисот за музика Grooveshark минатата недела беше затворен од властите во САД бидејќи беше обвинет дека должи десетици милиони долари за авторски права. Иако од компанијата најавија дека ќе ја почитуваат судската одлука, сепак очигледно не сите вработени се со исто мислење, па помал тим најави дека го оживува сервисот.

Тимот ентузијасти веќе подолг период тајно креирал бекап на сајтот и веруваат дека имаат 90 отсто од песните, пред сајтот да биде отстранет. „Започнав да првам бекап на сајтот кога започнавме да се сомневаме дека заминувањето на Grooveshark се ближи, а мојот страв се оствари по неколку дена кога го затворија. Дотогаш имавме ископирано 90 отсто од содржината, а сега работиме на останатите 10“, пренесува BGR.

Страната е достапна на нов домен Grooveshark.io, и за сега е во рана фаза на развој, но тимот се надева дека наскоро ќе ги врати сите функционалности и корисничкиот интефејс на оригиналниот Grooveshark.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top