Викендов стартува Првата македонска еспорт лига вo Counter Strike: Global Offensive. Ова е седма сезона на лигата, а овој пат победникот ќе ја претставува Македонија на претстојните Европско и Светско првенство. Во лигата ќе учествуваат осум тимови, четири од учесниците до лигата дојдоа преку отворени квалификации, а четири тима се директно повикани да учествуваат. Во квалификациите учествуваа вкупно 160 натпреварувачи, а четирите кои влегоа во лигата преку натпреварување се CRYSIS Esports, eSport ENTiTY, Infusion eSport и BLADE Esports. Директно квалификувани се тимовите на BLUEJAYS Sports, ENTiTY, Level Esports и Trazed Gaming.
Натпреварите во лигата се поделени во две фази. Во првата фаза низ седум кола ќе се „пресметаат“ осумте најдобри тимови од Македонија. Втората фаза на турнирот започнува подоцна и го преставува завршниот дел од натпреварот. Најдобро пласираните четири тима од лигата во јуни ќе играат плејоф, а победникот ќе биде шампион на Македонија. Плејоф натпреварите ќе се одржат во форма на LAN (мрежен) турнир.
Лигата, како и досега, е во организација на Македонската еспорт федерација. Натпреварите започнуваат на 9-ти април, со почеток од 15:00 часот. Ако сакате да ги гледате натпреварите во живо може тоа да го направите на Twitch каналот на Македонската еспорт федерација.
Тимови учесници на турнирот
Сите кои подолго го следат македонскиот еспорт веќе се запознаени со тимовите кои ќе учествуваат. Тимот на BLUEJAYS Sport е еден од најдобрите тимови во регионот, и се во Топ 50 тимови на светско ниво – според HLTV листата се наоѓаат на 37-то место. Интересно е и враќањето на тимот на ENTiTY и тоа со дел од составот кој го паметиме од пред повеќе од 10 години.


Level E-sport
Level Esports e тим од Струмица кој покрај CS:GO се натпреварува и во League of Legends. Во лигата тимот ќе го претставуваат: Павле “NateD-” Иванов; Слободан “SLOBCI” Митев; Даниел “ChesterBe-” Радојчиќ; Нофит “Kecaz” Кецев; Кире “Kircaaa” Ристов. Како замена е пријавен Андреј “kamisha” Дојчиновски.
eSport ENTiTY
Охридскиот тим eSport ENTiTY го преводи Ѓоко „ALM1GHTY“ Лабоски. Тимот е чест учесник на натпреварите во CS:GO. Во лигата ќе го претставуваат: Ѓоко “ALM1GHTY” Лабоски; Кристијан “TAiNTED-” Коруноски; Христијан “zub99” Стефаноски; Мартин “kikos99” Стефаноски;
Фатон “waaLker-” Каличи и Мустафа “mustimonster” Лога.


Trazed Gaming
Тетовскиот тим Trazed Gaming во лигата ќе го претставуваат: Енес “nessyww;” Адеми; Рилинд “linndiw;” Шабани; Виган “VIGG1^” Бајрами;
Харбин “Binney-” Незири и Башким “bakaMASH” Лама. Како замени ќе им бидат достапни Ветон “undead” Муареми и Ерјон “vapeh-” Шемшиу.
BLADE Esports
Од квалификациите доаѓа тимот BLADE Esports. Томе “sonyc” Шимов; Мартин “JAMBY” Крлески; Љупчо “Ljups” Костенаров; Ѓорге “napter” Локов
Кристијан “h0b1x” Арсов и Михаил “therealblx” Поповиќ ќе се обидат да ги изненадат фаворитите и да станат шампиони на Македонија за оваа сезона.


CRYSIS Esports
И тимот на CRYSIS Esport во лигата влезе преку квалификациите. Тимот го претставуваат Хакија “ZHEBOO” Нумановиќ; Јован “_stoka” Трајковски; Ерсин “Ers1n” Јусуф; Ерит “St0rmyN” Лила; и Арменд “KendoHFS” Мејдиу.
Infusion Esport
Последниот тим кој влезе преку квалификациите е тимот на Infusion Esport. Во лигата ќе ги претставуваат: Јован “jnk” Кушевски; Филип “KiMaR-iwnl” Соколов; Ангел “cufle-iwnl” Ангелов; Александар “bleedy” Јаначковски;
Горјан “trajZZ” Трајчев и како замена Петар “gigoff” Гигов.


ENTiTY
Ветераните на Counter Strike: Global Offensive тимот на ENTiTY во лигата ќе учествуваат во „Old School“ состав. ENTiTY ги претставуваат Јован “kalaN” Каланоски; Ангел “ERROR” Грозданоски; Семих “osama” Ќамил; Сердар “KNF” Мустафа; Димитрије “DREADON” Јовановиќ; Кирил “KRLMKD” Милески; Александар “helius” Киселинов.
BLUEJAY Sports
Последен учесник во лигата е најдобриот македонски тим во моментов. BLUEJAYS Sports влегуваат со речиси стандардните пет: Јане “aidKiT” Апостолоски; Александар “CacaNito” Ќулукоски; Дамјан “kyxsan” Стоилковски; Даниел “dan1” Глигоров и Андреј “Necrogenes1s” Манчески. Замена ќе биде Антонио “Cr0n0s” Сориано.
IT.mk на тимовите им посакува GLHF!







