1 коментар 3 мин. читање 21 јануари, 2014

Стартува македонската друштвена мрежа за бизниси SocialSpot

Стартуваше македонскиот стартап SocialSpot. Оваа друштвена мрежа наменета за средни бизниси има за цел да ја олесни колаборацијата и споделувањето на знаење внатре во компаниите, со цел да ги направи поефикасни и попродуктивни. Стартапот беше за прв пат претставен во октомври на хрватска конференција за стартапи, и беше еден од осумтте стартапи кои беа дел од првата Start програма на локалниот акселератор SuperFounders Skopje.

Марјан Николовски и Сашо Михајлов, основачите на EmitKnowledge, компанија која стои зад SocialSpot, велат дека преку стартап програмата стекнале вештини за креирање на стабилен бизнис модел, вештини кои ќе им бидат потребни сега кога го стартуваат проектот. Целта на SocialSpot е да започне со продажба во Европа каде ќе ги таргетираат помалите компании на кои им треба приватна друштвена мрежа која е поврзана со други сервиси.

„Во поглед на конкуренција, едноставноста на користење, немање на конфигурација и интеграцијата со Dropbox, Google Drive, SkyDrive, Box, Facebook, Flickr, Picasa и Instagram не прави подобри од конкуренцијата. На сметка на акцентот на едноставност ја тргнавме потребата од комплексни интеграции кои се потребни во големите корпорации со нивните постоечки системи“, објаснува Марјан.

Развојот на SocialSpot следи претходно дефиниран план, па иако првиот дел заврши со стартување на проектот, сепак ќе следи усовршување на десктоп верзијата и креирање на мобилна апликација. Но, тоа што му е потребно веднаш на стартапот е да затвори успешни продажби. Марјан велидека веќе имаат контакти со некои компании и план за онлајн маркетинг на сервисот.

„Самиот пазар нуди голема можност и потреба за конзумирање на ваков тип на апликација. Желби и проекции секако има, но оставаме во пракса да видиме каков ќе биде растот. Тоа што нас не интересира во овој момент е да имаме раст во продажбата за да ги потврдиме стратегиите.“

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Stojanovski Boban
12 years ago

Bravo Momci

Мени
Заедница
Изглед
To top