Стартува Facebook Timeline и за македонските корисници

во Друштвени мрежи

Facebook го стартува новиот кориснички профил и за македонските корисници кои претходно се согласиле да гo имаат. Од денес, доколку сте се регистрирале, кога ќе отворите Facebook ќе може да забележите дека вашиот, и профилот на пријателите, е претворен во Timeline.

Facebook најави дека наскоро ќе го стартува Timeline за сите. Првин го стартуваат новиот профил во Нов Зеланд и потоа постепено ќе ги смени старите профили во сите други земји. Интересно, Facebook ќе им дозволи на корисниците од Нов Зеланд седум-дневен тест период да се вратат на старите профили за да се навикнат, но потоа автоматски ќе бидат префлени на Timeline.

Timeline е нов личен профил кој сега ги истакнува сите важи постови и информации во временска линија, односно од почетоците кога сте се приклучиле на Facebook. Идејата зад ваков профил е да не се изгубат старите постови, туку со подредување по месеци и години да може да се прегледа корисничката приказна.

[youtube]hzPEPfJHfKU[/youtube]

Тоа што е одлично кај Timeline е што функционира беспрекорно иако се работи за бројни постови, но тоа што е чудно и застрашувачки е што сега профилот делува како некој да ве ставил под лупа и ги откопува сите ваши постови од пред година, две-три.

Ќе ви биде потребно време за да се навикнете на новиот профил. Освен различниот дизајн, распоредот по години, најважни ќе ви се две копчиња. Ѕвездичката на секој пост со кој се зголемуваа т.е истакнуваат постовите како омилени, и плусчето со кое може да се скрие одреден пост од Timeline.

Интересно, со овие две опции Facebook му дава на корисникот слобода самиот да си ја направи сликата за себе. Дури и да постира разно-разни постови, со нивни селективно тргање од Timeline ќе може да си направи каква сака слика за себе пред другите корисници.

Го имате Timeline профилот, како ви се допаѓа?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments