Неодамна Microsoft го најави враќањето на Start копчето на Windows 8, а веќе се појавија и првите скриншоти на кои се гледа „повратникот“. На објавениот екран се гледа и како ќе изгледа „boot-to-desktop“ екранот.
Притискање на Start копчето наместо на Windows мени ќе го отвора почетниот екран. За корисниците на кои не им се допаѓаа новиот сегашниот изглед на Windows 8, Microsoft подготвува и нова опција за отворање на Apps екранот, која ќе им биде достапна на корисниците кои одбрале да не ги гледаат Tiles полињата, јавува ZDNet.
Microsoft работи и на опција која ќе им овoзможува на корисниците да имаат ист екран на Metro и на десктоп екраните. Очекувањето е дека Windows Blue ќе и биде достапен на јавноста за разгледување на 26 јуни, поточно на првиот ден на Microsoft Build 2013.









http://www.iobit.com/iobitstartmenu8.php
одамна е вратено :)
Не е тоа вратено тоа е додаток кој стои во позадина и користи ресурси од системот друго е ако е чисто без додавање на други алатки за шминкање на системот кој јас не го преферирам тој метод но некои сакаат да прават така.
Да, тој додаток не е од Мајкрософт, но супер функционира, прекрасна алтернатива. :)