Српскиот стартап Seven Bridges Genomics е добитник на договор во вредност од 5,8 милиони долари од Националниот институт за рак од САД, пренесува српскиот Startit.rs. Целта на проектот е побрз развој на биомедицината и демократизација на податоците кои се добиваат при генетското истражување на ракот.
„Ова е голем успех на тимот од двете страни на океанот и резултат на 4 годишна соработка и за нас ова е пред се валидација на целокупниот труд кој како тим го внесовме во развојот на оваа платформа“, изјави за Startit.rs основачот на Seven Bridges Genomics, Игор Богичевиќ.
Компанијата, составена од тип од 80 инженери и биолози, е всушност српско-американска компанија со седишта во Белград и Бостон, а на овој проект нивен партнер ќе биде Amazon Web Services. Целта на проектот е на истражувачите кои работат на изучување на оваа тешка болест, да им овозможи полесен пристап до потребните податоци, нивна анализа и соработка на добивањето на податоци. Конечна цел се разбира е пронаоѓање на подобри и попрецизни терапии за борба со ракот.
[youtube]TqfOiwhase8[/youtube]







