0 коментари 1 мин. читање 10 ноември, 2014

Српскиот Nordeus ја стартува својата игра со обложување, Sportster

Српското студио Nordeus, креаторот на супер популарната Facebook игра Top Eleven, ја стартуваше својата нова друштвена игра со обложување – Sportster. Една година по нејзината најава, играта сега е во отворена бета. Сепак доколку не сте премногу голем љубител на обложување, тогаш можете да ја прескокнете играта без да се двоумите. Станува збор за спортско обложување при што можете да се обложувате на натпревари во живо и на виртуелни натпревари на пример Top Eleven. Може да се каже дека Sportster е додаток на популарната симулација за фудбалски менаџер.

Sportster – Bet and Win е најавена како „една од првите и најоргинални друштвени игри за обложување“ која, според Nordeus, обложувањето на виртуелни натпревари со интерактивни опции како наптреварите во обложување „го подига адреналинот дури и кога нема вистински натпревари кои се играат“.

[youtube]71tYSkR9Lrs[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top