0 коментари 3 мин. читање 25 октомври, 2016

Српската копија на Tinder, Ноќима, сега има над 42.000 корисници

Апликацијата која е копија на американската апликација за наоѓање „сродни души“ Tinder, српската „Noćima“ сега има над 42.000 корисници. Апликaцијaта е фокусирана на корисници кои се иселеници од Србија и регионот. Нивната бројка е проценета помеѓу 6 и 9 милиони, јави Startit.rs.

Креаторите на апликацијата не тврдат дека станува збор за оригинална апликација, туку за копија на Tinder, ограничена на помала група корисници. Noćima е фокусирана да им го понуди истиот сервис на корисниците кои се иселени од Србија и од државите од регионот. Вакви апликации кои се ограничени на помал круг на корисници вообичаено не се добра идеја. Наместо публиката да биде целиот свет, сервисот се фокусира на и онака мала група.

„Идејата се роди во клубовите во Швајцарија и Германија во локалите во кои ги минувавме викендите. Дури и во клубот во кој сите се наши и зборуваат со ист јазик; тешко е да се воспостави прв контакт. Креиравме алатка која ќе им овозможи на момците и на девојките да го преживеат стравот од одбивање и да го направат првиот чекор.“

Сепак тоа што има 42.00о корисници кои се активни секој месец, а 5.000 активни корисници секој ден стартапот го смета за голем успех. Со оглед на тоа дека сепак станува збор за период од само 3 месеци, бројките не се мали.

Апликацијата е брутална копија на Tinder, дури и селектирањето на луѓе кои им се допаѓаат е повлекување налево или надесно. Можеби среќна околност е што стартапот сепак се фокусира на групи кои остануваат хомогени и кога се во странство.

Сепак решението кое компанијата го нуди за монетаризација е можеби поприфатливо за корисниците.

„Еден од моделите за монетаризација е збогатување на корисничкото искуство со додатни алатки и можности, кои корисниците минимално би ги доплаќале. Другиот е насочен кон ноќните клубови и овозможува директна комуникација со нашите корисници низ различни кампањи, промоции, лојалти програми. Се разбира основниот канал би бил апликацијата, а клубовите ќе плаќаат надомест. “

Без разлика на успехот на апликацијата, Noćima сè уште е џуџе во споредба со Tinder. Сервисот има над 50 милиони корисници; над 10 милиони корисници дневно; 100 милиони преземања на апликацијата; 1 милијарди совпаѓања; 1.4 милијарди селектирања секој ден.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top