Српскaта Facebook игра Top Eleven стана попопуларна од суперѕвездите на Fifa

Иако разликата е мала, сепак, како што пишува AllFacebook чија е и статистиката за споредба, друштвените мрежи продолжуваат да бидат место каде мала српска компанија може брзо да ги надмине и популарните имиња како EA.

Top Eleven е игра стартувана пред една година, со која играчите стануваат менаџери на тимови, одбираат играчи за во првиот тим и се вклучуваат во турнири. Разликата меѓу Top Eleven и Fifa Superstar е што првава нуди и менаџирање на финансиите. Можеби ги нема повеќето опции како што ги имаат популарните десктоп игри Fifa и Football Manager, но како игра за Facebook се покажува одлична, бидејќи, како и со секоја друштвена игра, има опција за натпревари меѓу пријателите.

„Опциите и самата игривост е внимателно осмислена со помош на постојаниот фидбек од корисниците кои буквално живеат за играта и се отворени да соработуваат.“, вели директорот на Nordeus, Бранко Милутиновиќ за Netokracija.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments