Средношколци ги освоија наградите на јубилејниот петти NASA Space Apps Challenge

0 коментари 1 мин. читање

Минатиот викенд по петти пат се одржа NASA Space Apps Challenge. Настанот вообичаено изобилува со програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи, но овој пат доминираа средношколци. Добитници на наградите се тимовите Swift, Delta и Numero Uno.

Тимот Swift креираше решение кое ќе помогне во оптимизација на работата на соларните панели. Решението овозможува прибирање на податоци од соларни сензори и нивно искористување за предвидување на искористеноста на идни соларни панели.

Решението кое го изработи Delta, ќе помогне во детекцијата и пријавувањето на пожарите. Раното детектирање и пријавување на пожар е клучно за навремено гасење. Со платформата на Delta, пожарот може да го пријават и случајни минувачи.

Добитник на наградата од публиката е тимот на Numero Uno. Тие изработија видео во кое ги презентираа убавините на планетата Земја.

Организатор на натпреварот и оваа година е акцелераторот NewMan’s Business. Овојпат ги поддржаа Goldilocks State фондацијата и Американска амбасада во Скопје, Vip, ТАВ ИТ, Netcetera, FX3X, АЕК, ФИНКИ, ФЕИТ, Горска Вода, Везе Шари, Жито Лукс и Red Bull, како и Претседателот на Република Македонија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед