Google и Apple доаѓаат во Србија, најави српскиот премиер Ивица Дачиќ. Изјавата доаѓа по посетата на г. Дачиќ на Силициумската Долина, а со нивното доаѓање ќе се подобри целокупниот имиџ на Србија. Станува збор за популарните продавници за апликации App Store и Google Play преку кои сопствениците на iOS и Android преземаат апликации за својот телефон. Со целосно отворање на продавниците корисниците од Србија ќе може да купуваат целосни верзии на апликациите, да изнајмуваат филмови или да купуваат музика. Неодамна и PayPal го најави својот влез во Србија.
Целта на владата на Србија е да ја направи државата технолошки и иновативен центар во Европа, пренесува Pc Press. Странските компании на Србија и се потребни не само поради инвестициите туку пред се затоа што овие компании ќе го донесат своето ИТ знаење, технологии и предизвици за младите кадри.
„Србија е подготвена што побрзо да ги донесе потребните регулативи и закони, кои ќе овозможат доаѓање на Google и Apple.“, изјави г. Дачиќ.
Сепак технолошките гиганти му одговорија на премиерот на Србија дека постојат законски пречки зошто не би можеле веднаш да ги понудат овие услуги и доколку Србија сака да се најде на мапата на AppStore и Google Play ќе мора да ги усогласи своите закони. Најверојатно како и во Македонија, така и во Србија ќе нема да има веднаш можност да се продаваат апликации преку Google Play.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.