Spotter е едноставен уред кој ги поврзува сите други со Интернет на нештата

во Хардвер

Spotter е нов уред кој поврзува наразлични предмети со паметен телефон или таблет компјутер. Уредот е креиран во соработка на две компании GE и Quirky, со цел да го поедностави поврзувањето на другите уреди и да биде достапен за секој корисник. Интернет на нештата е следниот чекор за домашните уреди, а Spotter го прави нивното поврзување навистина едноставно, пишува Fast Company.

Spotter e диск на кој се наредени куп сензори кои мерат или регистрираат звук, светлина, влажност, температура и акцелерометар со чија помош се регистрира движење. Дискот се закачува на уредите кои корисниците ги следат, а генијалноста на уредот е во едноставната апликација со чија помош се следат сензорите. Корисникот со помош на апликацијата ќе може да одбере дали сака да ја регистрира температурата или движењето.

„Овој пазар е сè уште нов. Има и други продукти, но тие се DIY или корисникот мора да има технички предзнаења. Ова е прв продукт кој го доближува Интернет на нештата до сите корисници“, вели креаторот на апликацијата, Џеф Бартенбах.

[youtube]jGTmBp5sDao[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk