Spotify е лекот за музичката пиратерија

во Веб, ретро, Свет

Spotify е една од најбрзо растечките музички платформи, која според најновото истражување на шведската музичка индустрија има потенцијал да ја уништи музичката пиратерија. Spotify допрва ќе станува се поголем, зголемувајќи го бројот на корисници благодарение на договорот кој го потпиша со Facebook. Причина за одличната прифатеност на Spotify е тоа што им овозможува на корисниците брз и едноставен пристап до милиони песни за многу ниска месечна претплата.

Според истражувањето извршено од страна на шведската музичка индустрија, од лансирањето на Spotify во 2009 година, па до сега, музичката пиратерија во Шведска се има намалено за 25 отсто. Само оваа година пиратеријата се намалила за 9 отсто. Интересно е тоа што дури 40 отсто од интервјуираните швеѓани имаат изјавено дека слушаат музика на сајтови како Spotify, додека само 10% признале дека нелегално преземаат музика.

Од извештајот може да се заклучи дека штом 800.000 швеѓани се спремни да платат за музика, тогаш постојат големи шанси легалните платформи за стримање да преовладаат над музичката пиратерија. Причини за користење на ваквите платформи испитаниците ги имаат наведенo видот на музика кој може да се најде (40 отсто), зголемувањето на количината на достапна музика (30%), ниските цени за претплата (24%), како и едноставноста на платформите (24%).

Oсновачот на Naptster, Шон Паркер, на денот кога Spotify започна да функционира во САД, изјави дека Spotify е следниот чекор во музиката и дека оваа платформа ќе придонесе да се уништи музичката пиратерија, како и тоа дека споделувањето музика ќе помогне да се оживее музичката индустрија. Шон Паркер е еден од инвеститорите во Spotify.

(via Torrent Freak)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments