Според податоците на најголемите продавници AMD ја добива „борбата“ со Intel

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Од секој 4 продадени процесори во јули 3 се произведени од AMD, а само еден е произведен од Intel. Ова се податоци кои ги сподели онлајн продавницата Mindfactory.

Покрај импресивната бројка уделот на пазарот на декстоп процесори за AMD всушност е намален во јули. Од сите продадени процесори минатиот месец 76 отсто се произведени од AMD, а само 24 отсто од Intel. Во мај овие бројки изгледаа дури и полошо за Intel, тогаш 85 отсто од процесорите кои се продадоа беа произведени од AMD. Овие бројки се однесуваат исклучиво за продажбата во Mindfactory, но трендот е сличен насекаде, вели PC Gamer. На пример на Amazon од 8 најпродавани процесори 7 се од AMD. Во Newegg од 10 најпродавани процесори 7 се од AMD.

Единствена добра вест за Intel е дека во дел од продавниците оваа предност е намалена во однос на минатите години. Лоша вест е дека предноста и натаму е голема, а можеби и ќе останеше непроменета ако Zen3 чиповите, 5950Х и 5900Х беа достапни во продажба, наместо да има постојан недостиг.

Веројатно вистинското прашање е што ќе се случува со следната генерација процесори и како ќе влијае недостатокот на полуспроводници на производството и на продажбата на чиповите од оваа генерација. Сепак AMD е во подобра положба на пазарот од било кога досега.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments