Конечно ја видовме и долго најавуваната презентација на новото летало на SpaceX. Елон Маск го претстави леталото за кое верува дека ќе му помогне на Space X да ја освои вселената. Oчекува првите летови во орбита да бидат за 6 до 7 месеци.
„Ова звучи тотално лудо, но мислам дека сакаме да се обидеме да стигнеме до месечината за помалку од 6 месеци. Со оглед на стапката на подобрување на дизајнот и подобрување на производството, ако продолжи со ова темпо очекувам дека процената е точна со некој месец повеќе или помалку“, вели г. Маск.
Вселенскиот брод ќе биде висок 50 метри, има дијаметар од 9 метри и ќе може да подигне 150 тони.
Новото летало со погон од Falcon Super Heavy ракети, може да однесе во вселената 100 патници, а првиот лет е веќе најавен за 2020. Еден од патниците на овој лет ќе биде јапонскиот претприемач Јусаку Маезава, а заедно со него ќе патува и помала група на уметници.
Видеото од целиот настан е достапен подолу.






