SpaceX го испрати првиот целосно бугарски научен сателит Балкан-1 во вселената

во Вести

Бугарската компанија EnduroSat на 15 јануари 2025 година го лансираше сателитот „Балкан-1“. Сателитот полета со ракетата „Falcon 9“ на Space X. Ова е прв  научен сателит во целост изработен од Бугарија и е значаен чекор за Бугарија.

Балкан-1 е опремен со мултиспектрален сензор кој овозможува набљудување на Земјата, следење на квалитетот на водата и почвата, како и анализа на загадувањето. Благодарение на овие способности, сателитот е дел од програмата на Европската унија „Коперник“, која е насочена кон мониторинг на животната средина и подобрување на безбедноста.

Наносателитот е со тежина од 32 килограми и ќе биде во орбита во висина од 500 километри над Земјата. Резолуцијата на сензорите е 1 пиксел соодветен на 1,5 метри на површината на земјата. Мисијата на Балкан-1 ќе биде 5 години, а по ова планот е да се сруши и да изгори во атмосферата.

„Сателитот е дел од главната вселенска програма на ЕУ Коперник, чија цел е проучување на различни карактеристики на Земјата. Избрана е на конкурс. Сите системи се произведени во Бугарија, освен мултиспектралниот сензор. Она што е специфично за Балкан-1 е тоа што има и високи способности за обработка на податоци, користејќи вештачка интелигенција, што придонесува за испорака на обработени корисни информации до Земјата. Компанијата верува дека ги донеле сите неопходни одлуки за да може сателитот да ја извршува својата задача пет години.“ – вели софтверскиот архитект од EnudroSar, Љубомир Тошев, за BNT News.

Сателитот беше лансиран со Falcon 9 ракета од Калифорнија заедно со 135 други сателити. Бугарската компанија EnduroSat планира да креира и лансира цело соѕвездие од 120 сателити Балкан.

Falcon 9 ракетата на SpaceX

Поважни бугарски сателити

Иако Балкан-1 е најновиот и најмодерен сателит на Бугарија, оваа земја има историја на лансирање на вештачки сателити:

  • Интеркосмос 22 (Бугарија 1300): Лансиран во 1981 година, како дел од советската програма „Интеркосмос“, овој сателит беше опремен со бугарски инструменти за научни истражувања. Сателитот е развиен од Бугарската академија на науките, а беше лансиран со советската ракета Vostok-2M.
  • BulgariaSat-1: Првиот бугарски геостационарен комуникациски сателит, лансиран во 2017 година, кој обезбедува телекомуникациски услуги.
  • ЕндуроСат Едно (EnduroSat One): EnduroSat One е бугарски наносателит, лансиран во 2018 година, со мисија за научни и образовни цели.
  • Спартан (Spartan): Лансиран во 2021 година од „ЕндуроСат“, овој наносателит беше дел од програмата за споделени сателитски услуги.
  • Платформа-2 (Platform-2): Микросателит лансиран во 2023 година со повеќе апликации за набљудување и истражувања.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk