0 коментари 2 мин. читање 23 јули, 2018

Space X поставува рекорди

Space X испрати во орбита сателит тежок 7.076 килограми. Ова е досега најтешкиот сателит испратен во вселената.

Ова е само втора мисија на „Block 5“ Falcon 9 ракетата, но досега и двете мисии се успешни. Сателитот Telstar 18 Vantage е во сопственост на канадски провајдер. Во следните 15 години со сателитот ќе се обезбеди Wi-Fi пристап во авионските летови над САД.

Иако ова е второ полетување на ракетата, а следниот тест е најавен веќе за среда, засега нема најави за повторени летања на Block 5 моделот. Пред да започне повторна употреба на ракетата, сепак ќе има уште многу први летови.

„Ќе бидеме внимателни кога ќе ја расклопуваме оваа ракета за да потврдиме дека нашите претпоставки при дизајнирањето се точни. Дека навистина ќе може да ја користиме повторно без да ја расклопуваме…
Иронично, но ќе треба да ја расклопиме за да потврдиме дека нема да има потреба да се расклопува“, вели Илон Маск.

Ракетата успешно слета на бродот-платформа „Of Course I Still Love You“, во Атлантскиот океан, пренесе CNET.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top