Оние кои што отсекогаш размислувале да имаат подкаст се на вистинското место. Anchor е феноменална апликација за остварување на вашите аспирации за снимање, продуцирање и објавување подкаст кој звучи крајно професионално. Можете и да вметнете гласовни пораки од вашите слушатели или музика од надворешни извори. Anchor не сака да ве ограничува и нема да наидете на лимит за тоа колку подкасти сакате да креирате.
Кога сме кај самото креирање подкасти, она што треба да направиме е да ги пополните неколкуте полиња, како наслови, имиња на епизоди, а потоа да ги снимате саканите, односно планираните делови. Можете да снимате сами или пак да снимате во група, со други корисници на Anchor. Откако ќе завршите со снимањето и со уредувањето, ви останува само да го објавите подкастот на некоја од поголемите платформи кои се намети за тоа.
Нема ниедна друга алатка која би ви ја препорачале доколку по првпат запливувате во овие води. Anchor е апсолутно блаженство за користење кое тежнее значително да ги олесни вашите активности. Но, не е без маана. Од време на време, знае необјасниво да се исклучи, особено доколку пробате да вметнете аудио од некои надворешни извори.
Преземете го Anchor за iOS, или Android!