Во случај да сте дел од постарата генерација и DVD колекционер, тогаш сигурно сте помислиле дека не е лошо да се направи бекап на вашите драгоцени филмови и серии. Во тој случај, подгответе ги DVD-ата и инсталирајте си WonderFox DVD Ripper Speedy.
Со оваа апликација, значително го олеснувате процесот на создавање бекап на сите ваши DVD-а. По покренување на апликацијата, одберете го вашиот избор (source), кој може да биде DVD диск, но може да е и ISO слика, или пак DVD фолдер. По извршување на ваквата постапка, алатката автоматски ќе го пронајде главниот филм и ќе ви дозволи, доколку сакате, да го сечете видеото, да наметнувате најразлични ефекти, како и да местите или бришете преводи. На крај, го одбирате видео квалитетот и кликнувате на копчето Run за да алатката го направи соодветниот бекап.
Сево ова е супер, но не и тоа што алатката ви дозволува да го сочувате филмот само во MPG форматот. Доколку сакате пофлексибилни можности, потребно е да го купите DVD Ripper Pro. Или, да нè следите и понатаму затоа што секојдневно пишуваме за нови или слични софтверски апликации. Во меѓувреме, штом дојдовте до тука, си земаме за слобода да помислиме дека мора да сте страстен филмоман и дека не би било лошо да ја погледнете нашата листа од 5 најдобри Sci-fi филмови за 2018 и 10 најдобри Sci-Fi телевизиски серии за 2018.