Во случај да имате исклучително многу фотографии, можете да ги искористите истите за да направите импресивни мозаици – нешто што, би можеле да се сложите, знае да биде интересен подарок или, во најмала рака, пријатна и лична десктоп позадина.
AndreaMosaic е алатка која го прави токму тоа – ги користи вашите фотографии и прави импресивни мозаици од нив. Како што напоменавме, што повеќе фотографии – толку е подобар финалниот продукт. Можете да наместите колку често една иста фотографија да се појавува во мозаикот, а боите на сите фотографии автоматски се прилагодуваат за да произлезе визуелно-имересивно дело.
Релативно новата 3.5 верзија на AndreaMоsaic се одликува со нова алатка, WebMosaic, која ви дозволува полесно да ги споделувате вашите креации онлајн.
[…] post Создадете мозаи&… appeared first on […]