Sovereign Syndicate е RPG игра во духот на Disco Elysium

Disco Elysium е една од пореволуционерни RPG игри. Девелоперите осмислија забавна игра во која битките беа фрлени во втор план, а акцентот се ставаше на длабока приказна, разговори и одлуки со значителни последици.

Sovereign Syndicate е продукт на директна инспирација на Disco Elysium. Уште во првите моменти ќе забележите огромна сличност со системот на кој се одвива нарацијата, начинот на кој се сервираат внатрешните монолози, како и водењето разговори и донесување одлуки.

Слично, но сепак различно

Sovereign Syndicate сепак се разликува од Disco Elysium од три клучни аспекти: нарација, околина и среќа. Играта е сместена во викторијанското доба која е испреплетено со магија и стимпанк технологија.

Како резултат, ќе се запознаете со најразлични фантазиски суштества, а секојпат кога ќе сакате да пробате нешто со ликовите, или да стапите во интеракција со околината, наместо системот со коцки, во Sovereign Syndicate го имате системот со тарот карти.

Како стапувате во интеракција со светот, така ќе отклучувате тарот карти. Овие карти отвораат дополнителни разговори и ви дозволуваат да пристапите на бројни ситуации на различни начини.

Низ шесте огромни локации ќе прошетате со четири уникатни ликови, ќе навлегувате во многу разговори и ќе донесувате значајни одлуки. Сите од ликовите кои ги водите и со кои се сретнувате се уникатно осмислени и се водат од различни лични мотивации.

Особено ни се допадна начинот на кој се опишуваат работите и водат разговорите. Имено, често се користи англиски речник и граматички структури кои се надвор од употреба во денешното време или пак имаат поразлично значење. Доколку сте лингвист, Sovereign Syndicate нуди феноменална прилика да го проучувате англискиот јазик од викторијански агол.

Слично на функцијата во kindle, одредени потешки зборови се одбележани со жолта боја и доколку кликнете на нив ќе го добиете објаснувањето за зборот.

Доколку сакате да навлезете во комплексна RPG игра со уникатни ликови и впечатлива приказна, но без акциониот дел и водење битки, тогаш Sovereign Syndicate е игра само за вас.

Како фанови на Disco Elysium, со задоволство навлеговме во чедото на Crimson Herring Studios и апсолутно уживавме во истражување на невообичаените разговори и водење тензични разговори.

Единствено нешто што посакувавме е да имаше и аудио нарација, а да не е се сведено само на читање текст, но доколку играта стане доволно популарна, можеби таквото нешто ќе го добиеме во иднина.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Crimson Herring Studios
  • Издава: Crimson Herring Studios
  • Жанр: наративна RPG
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе на: 15 јануари 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments