{mosimage} „Растот на Twitter е поспор.“ вели HubSpot во своето истражување „Состојбата на твитерсферата“. Twitter расне но со многу, многу помало темпо (3% раст), споредено со лани овој месец кога забележа неверојатен раст, пред се поради следувањето на летот 1549 на US Airways во реката Хадсон. Оваа слетување прво беше сликано и објавено на Twitter.
Иако популарноста на Twitter поспоро расте, друго истражување на Sysomos, покажува дека најголемиот раст е забележен од корисници надвор од САД. Од сета публика на Twitter, 50% се американските корисници, што е пад од 62% од јуни 2009 година. Најголемиот раст во популарност е забележан во Бразил, Индонезија и Германија.
Интересно е што истражувањето на HubSpot покажува дека активноста на твитерашите се двојно зголемило. Извештајот покажува и дека поголемиот број твитераши (82%) имаат помалку од 100 следбеници, а 81% следат помалку од 100 други. Само 18% имаат повеќе од 100 следбеници, односно само 19% следат повеќе од 100 други твитераши. (за тие што не се запознаени со Twitter, следбеници се твитераши кои ве следат вас, додека вие можете да следите колку луѓе сакате )
{mosimage}






