0 коментари 1 мин. читање

Sony претстави нова генерација на својата конзола – PlayStation 4 Pro

Нова конзола помоќна од сегашниот PlayStation 4 наскоро ќе им биде достапнa на купувачите. PlayStation 4 Pro е новата „high end“ конзола на Sony, а во продажба ќе биде достапна од 10 ноември.

Новиот модел ќе се продава за цена од околу 400 долари, тоа е повеќе од сегашната верзија, но далеку подостапно од гејминг компјутер со слични перформанси. Конзолата доаѓа со нов подобар процесор, подобар графички процесор и поголем хард-диск. Најголема надградба е направена на графичката единица која сега е речиси двапати помоќна.

Конзолата е подготвена за 4К-гејминг, HDR и виртуелна реалност. PlayStaion4 Pro доаѓа месец по сетот за виртуелна реалност кој ќе биде достапен од 13 октомври. Токму виртуелната реалност е единствена причина поради која корисниците би можеле да сакаат да ја променат конзолата; HDR по надградбата на софтверот ќе биде достапна и на сегашните модели, а за 4К-гејминг е потребен телевизор кој чини илјадници долари. Sony ветува дека новите конзоли ќе овозможат значително подобро искуство во виртуеланта реалност.

Sony ќе издаде и Slim верзија на сегашната конзола која ќе чини 300 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top